Сан Антонио Спарс и Торонто Рапторс наводно се блиску до реализација на голем трејд.
Како што тврди „ЕСПН“, спонатите екипи се многу блиску до договор за размена на Каваи Ленард и Демар Дерозан и дека се би требало да биде наскоро завршено.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ленард од поодамна не е задоволен во Спарсите. Јасно порача дека сака да замине, но бидејќи договор со ЛА Лејкерси каде што сакаше да премине не можеше да биде постигнат се сврте кон други опции.
На крајот се појавија Рапторси. Единствениот канадски тим во НБА лигата е спремен да ја пушти првата ѕвезда на тимот Демар Дерозан во замена за Ланрд и трејдот на скоро би требало да биде официјализран.
Ленард наредното лето е слободен играч Ратпорсите ќе можат да му понудат договор од 190 милиони долари за пет години, но тој јасно ја истакна желбата за промена на средината.