Дома Фудбал Англија На повидок првиот отказ во Премиер лигата – Бенитез главен кандидат за наследник!

На повидок првиот отказ во Премиер лигата – Бенитез главен кандидат за наследник!

Изгледа наскоро ќе ја видиме првата тренерска промена во новата сезона во Премиер лигата.

Како што сега стојат работите, Вест Хем, би можел му врачи отказ на Славен Билиќ кој во првите три натпревари запиша три порази.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот стратег ги изгуби првите три натпревари во Премиер лигата, а последен пат кога на Вест Хем му се случило такво нешто, „чеканите“ завршија во Чемпионшип.

Токму поради тоа во Вест Хем мораат брзо да одлучат, но и да пронајдат наследник. Се споменува името на Рафа Бенитез, но прашање е дали Њукасл ќе дозволи Бенитез да го напушти клубот.

Не е тајна дека Шпанецот е разочаран и измамен од страна сопствениците на клубот, тој не доби пари за засилување и поради тоа не е во добри односи со сопственикот на клубот. Но, во неговиот договор има клазула според која Њукасл би требало да му исплати огромна сума доколку тој добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…