Како што пренесуваат италијанските медиуми, наскоро ќе бидеме сведоци на нова афера во италијанскиот фудбал.
Имено, станува збор за допинг! Во која е вмешан Бразилецот и напаѓач на Каљари Жоао Педро кој падна на допинг тест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Бразилецот му бил направен допинг тест по натпреварот против Сасуоло на 11 февруари, а потоа и после натпреварот против Киево шест дена подоцна и во двата случаи во крвта му била пронајдена недозволен супстанца.
Поради тоа 26 годишниот напаѓач на Каљари на 26 мај ќе биде сослушан пред надлижниот анти-допинг суд.
Италијанските медиуми пишуваат дека во најлош случај Жоао би можел да биде суспендиран на четири години, додека неговите адвокати пред медиумите тврдеа дека фудбалерот не е виновен.
Оваа сезона во Серија А веќе фудбалерот на Беневенто, Фабио Лукоња заработи еднагодишна суспензија поради допинг, покрај тоа беше суспендиран и докторот на истиот тим.