Извршниот одбор на УЕФА на состанокот во Рим оваа недела ќе ја разгледува можноста за укинување на голот во гости во нокаут фазите за сите европски натпреварувања.
Тоа правило е воведено во 1965 година кога гостувањата и самите патувања беа многу потешки отколку денес. Се патуваа илјадници километри со часови и во многу по неудобни услови од денес.
? UEFA are reportedly holding a meeting tomorrow, where they are expected to abolish the away goals rule for the Champions League
Thoughts on this? pic.twitter.com/radRn7No4t
— The Sportsman (@TheSportsman) February 5, 2019
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес скоро сите европски терени се долги 105, а широки 68 метри, се игра со исти топки и многу е полесно да се постигне погодок на гости отколку порано. Како што пишува германски „Кикер“ со укинувањето на голот во гости УЕФА смета дека ќе се игра многу повеќе офанзивно, со што би било и поинтересно.
За тој проблем минатиот септември се огласи и здружението на европски тренери кои исто така сметаат дека укинувањето на голот во гости би бил добар потег.