Дома Фудбал Англија На Островот е убедени: Челзи во наредните 48 часа го претставува новиот тренер!

На Островот е убедени: Челзи во наредните 48 часа го претставува новиот тренер!

Започнува нова ера на „Стенфорд Бриџ“!

Уште пред да биде потврдено заминувањето на Маурицио Сари, се шпекулираше за тоа кој би можел да биде новиот тренер на Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главен фаворит веќе подолго време е Френк Лампард, легендата на клубот кој во овој момент е тренер на Дерби во втората англиска лига. Во изминатата сезона Лампард со Дерби играше во финалето од плеј-офот.

Денес поголемиот број англиски медиуми објавуваат дека Лампард ќе биде новиот тренер на Челзи и ќе биде претставен во наредните 48 часа.

Освојувачот на Лигата на Европа ќе плати четири милиони фунти како компезација, а Лампард ќе го чека тешка задача во клубот кој има статус на легенда.

„Сините“ се изборија за место во Лигата на шампионите, но ќе мораат да продолжат без Еден Азар, а поради забраната за трансфери не ќе можат да донесат негова адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …