Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер после поразот на Манчестер Сити од Тотенхем се запраша дали Халанд го избра вистинскиот клуб со доаѓањето на „Етихад“.
Норвежанецот постигна 25 голови на 20 натпревари во Премиер лигата, но „граѓаните“ сезонава не се доминантни како претходно и имаат пет бодови помалку од лидерот Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сега можеме да видиме дека Манчестер Сити е целосно поинаква екипа која постигнала ист број голови како Халанд. Халанд сам постигна 25 голови во Премиер лигата, а останатире играчи на Сити заедно постигнаа скоро толку, но и примаат премногу.
Стана полесно да се игра против нив преку контри. Со Ерлинг во составот овој тим не е толку силен, сепак вината не е негова“.
Сити постигна 53 гола на 21 натпревар во првенството, но во неделата против Тотенхем немаа ниту еден удар кон голот на ривалот.
„Мислам дека Сити не може да го покаже најдоброто со Халанд во составот со стилот на Пеп. Можеби Халанд избра погрешен клуб“, изјави поранешниот репрезентативец на Англија.