Дома Фудбал Останато На Мурињо повторно му се виновни судиите: Teјлор судеше како да е Шпанец

На Мурињо повторно му се виновни судиите: Teјлор судеше како да е Шпанец

Жозе Мурињо беше тажен, но и лут по поразот од Рома на пенали во финалето на Лига Европа.

Тој беше многу директен кога го обвини судијата Ентони Тејлор дека судел како да е Шпанец.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Реков или ќе излеземе одовде со титулата или ќе заминеме мртви. Па, изгледа дека сме мртви. Мртви изморени физички, психички и затоа што мислиме дека ова беше неправеден пораз со многу инциденти кои може да ги дискутираме. Мртви сме, но горди. Секогаш велам дека можеш да загубиш натпревар, но никогаш гордост и професионализам. Победив пет европски финалиња, го загубив ова, но се враќам дома погорд од кога било. Момците дадоа сè оваа сезона“, изјави Мурињо.

„Се грижиме за овој дрес, се правиме сериозно, со скромност, даваме се што имаме. Секој реагира на свој начин, некој плаче, некој не, но сите сме тажни. Уморни сме и обземени од чувството на неправда.

Тоа беше интензивен натпревар, машка борба, со судија кој изгледаше како да еШпанец. Тоа беше постојано, жолт, жолт, цело време. Неправедно е затоа што Ламела требаше да добие втор жолт картон, но тој не доби, а потоа изведе пенал во серијата“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …