Дефанзивецот на Јувентус, Жоао Кансело може да биде санкциониран од клупското раководство поради активноста на социјалните мрежи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалецот стегна „лајк“ на коментар на еден фан, кој го повика раководството да му врачи отказ на тренерот Масимилиано Алегри.
Алегри е на кормилото на Јувентус од 2014 година, освои пет Скудета во низа, но се најде на мета на критики после елиминацијата во Лигата на шампиони.
Cancelo cosa fai? ?? pic.twitter.com/UTji4uVlTu
— . (@StanisLaRochele) April 23, 2019
Со ваквиот потег Кансело јавно потврди дека не е во добри односи со тренерот Алегери, па италијанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека може да си замине ова лето.
Наводно и Јувентус е спремен да го продаде доколку стигне понуда од 50 милиони евра, а интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Барселона.