Дома Фудбал Англија На им оди: Тотенхем постави негативен рекорд – вакво нешто не му се случило на ниту еден друг клуб во Премиер лигата

На им оди: Тотенхем постави негативен рекорд – вакво нешто не му се случило на ниту еден друг клуб во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но лошите резултати во изминатите недели го турнаа тимот надолу на табелата и притоа лондонскиот клуб испиша негативен рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонската екипа во првите седум кола запиша шест победи и реми против Арсенал, но повредите го исфрлија клубот од посакуваниот ритам.

Тотенхем стана првиот тим во историјата на Премиерлигата, кој по водство од 1-0 запишал пет меча без победа, односно четири порази и едно реми.

Распадот почна со мечот против Челси (1-4), по што следеше дуел со Вулвс (1-2), па Астон вила (1-2), Манчестер сити (3-3) и поразот од Вест хем (1-2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…