Се изгледаше совршено. По два порази на стартот од сезоната. Бордо го совлада Монако и се искачи од дното на табелата. Навивачите беа возбудени, дел од нив се појавуваат со дресови со името на Тиери Анри на грбот. Легендарниот француски фудбалер беше на прагот на тренерската клупа на Бордо. Но, се се промени преку ноќ.
Радио Монте Карло јави: преговорите се уште не пукнаа, но се на ивица на колапс. Бордо со американска инвестиција на чело, не го презеде уште клубот, но само се чека тоа да се официјализира, едноставно нема средства да ја финансира целата операција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во што е проблемот? Пред се во платата, Анри постојано инсистира на плата од 2 милиони евра годишно што можеби и оди покрај неговото име, но не и покрај биографијата. Просто, Анри како играч беше чудо, како тренер е на самиот почеток и работата во Бордо би му била првата самостојна во кариерата.
А изгледа Анри се грижи за тоа име, па не сака во тренерските води да вплови со ризик каков што мораат да истпат останатите во неговата положба. Тиери не сака многу да ризикува. Покрај високите плати, сакаат и големи пари кои во следните пет години би ги потрошиле на засилувања.