Дома Фудбал „На децата и внуците ќе им кажувам дека сум му асистирал на Роналдо“

„На децата и внуците ќе им кажувам дека сум му асистирал на Роналдо“

Кристиано Роналдо служи како инспирација за многу фудбалери и млади луѓе ширум светот, а неговата работна етика е неверојатна. За Роналдо сега зборуваше неговиот сонародник Бернардо Силва.

Роналдо се смета за еден од најголемите и највредните фудбалери во историјата. Роналдо е таму каде што е благодарение на неговата работна етика, меѓутоа не е спорен и неговиот талент. На 35 години многумина фудбалери влегуваат во залезот на кариерата, но Роналдо и понатаму е во врвот и денес една од првите ѕвезди на Јувентус.

„Ќе биде неверојатно и посебно кога на моите деца и внуци ќе им кажам дека сум му асистирал на Роналдо на теренот. Тој е пример и на него и надвор од него“, изјави Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…