На денешен ден пред 32 години, на 8 декември 1991 година во Токио, фудбалерите на Црвена Звезда го совладаа чилеанскиот Коло Коло со 3:0 и станаа светски шампиони.
Звезда како шампион на Европа го победи шампионот на Јужна Америка и освојувач на Купот Либертадорес во борбата за тогашниот трофеј на Интерконтиненталниот куп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Подоцна Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го стартуваше светското клупско првенство, а потоа црвено-белите и официјално ја добија титулата светски првак.
Шест месеци по триумфот во Бари против Олимпик од Марсеј на пенали (0:0 – 5:3) и освојувањето на титулата европски првак, со новиот тренер Владица Поповиќ наместо Љупко Петровиќ, тимот на Звезда испиша историја.
Успехот станува уште поважен ако се земе предвид дека по Бари тимот го напуштија Роберт Просинечки, Стеван Стојановиќ, Драгиша Биниќ, Рефик Шабанаџовиќ и Слободан Маровиќ, а Владан Лукиќ поради повреда не можеше да настапи.
Јунак на триумфот беше двојниот стрелец Владимир Југовиќ, со головите во 21. минута по асистенција на Дејан Савиќевиќ и во 59. во моментите кога српскиот тим имаше играч.
Точка на историската победа стави Дарко Панчев со гол во 71. минута по познатиот „спринт“ по левата страна и асистенција на Синиша Михајловиќ.
Звезда настапи со: Милојевиќ, Радиновиќ, Белодедиќ, Најдоски, Василијевиќ, Ратковиќ, Југовиќ, Михајловиќ, Стошиќ, Савиќевиќ и Панчев.