Дома Топ вести На денешен ден пред 14 години се појави тинејџерот со долга коса…Останатото е историја! (ВИДЕО)

На денешен ден пред 14 години се појави тинејџерот со долга коса…Останатото е историја! (ВИДЕО)

Пред точно 14 години на денешен ден Лионел Меси започна да пишува историја во Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со број 30 на грбот, тогаш тинејџерот со долга коса влезе во игра на местото на Деко во натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол, а подоцна овој тинејџер од Росарио ќе стане еден од најдобрите во историјата.

Меси од тој момент до денес одигра 648 натпревари за Барселона и постигна 563 погодоци, но неговата приказна се уште не е завршена и ќе се пишува сигурно уште некоја година.

Со Барселона освои се што може да се освои, долги години е во самиот врв, а за многумина е и најдобар фудбалер во историјата.

Едно е сигурно, поновата историја на Барселона започна да се пишува на 16 октомври пред 14 години. Останатото го знаете…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Распад-систем во Реал Мадрид: Рудигер делел шлаканици во соблекувалната

Дека ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид е сосема надвор од контрола најдобро пок…