Дома Фудбал Лига на шампиони На денешен ден Меси го му ја „скрши кичмата“ на Жером Боатенг (ВИДЕО)

На денешен ден Меси го му ја „скрши кичмата“ на Жером Боатенг (ВИДЕО)

Лионел Меси во текот на својата кариера на многу играчи и создавал големи проблеми.

Го почуствува тоа на своја кожа и Жером Боатенг пред четири години кога Меси при постигнувањето на еден од најпознатите голови во Лигата на Шампионите апсолутно го уништи.

Во текот на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите во 2015 година Барселона играше со Баерн на „Ноу Камп“. Аргентинецот постигна два гола, но ќе остане запаметено како му ја „скрши кичмата“ на Жером Боатенг.

Боатенг после тој натпревар во медиумите зборуваше за таа ситуација.

„Тоа всушност не влијае на мене. Се смеев самиот на себе. Кога ќе паднеш или ќе се лизнеш, а противникот постигне гол нормално е да биде смешно. Таквите работи се случуваат, ми се случи мене, се случува и на други играчи“, зборуваше тогаш Боатенг, а потоа порача дека за него Меси е најдобриот светот.

„За мене тој е најдобриот во светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Руни му се закани на Керол со тужба: Тоа што го пишува се измислици!

Во автобиографијата „Owning It“, некогашната ѕвезда на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, членот…