Дома Македонски спорт Мак ракомет На денешен ден,пред една година Вардар испиша историја!

На денешен ден,пред една година Вардар испиша историја!

На денешен ден пред една година, РК Вардар испиша историја и за прв пат успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн. Избраниците на Гонзалез на реваншот во Јане Сандански по втор пат во четвртфиналето ја победија екипата на Фленсбург и тоа многу убедливо со резултат 35:27 и го визираа патот кон Келн, каде подоцна успеаа да ја освојат и Европската титула.

Со предност од два гола го стартувавме реванш натпреварот во Скопје, откако триумфиравме и на првиот дуел во Германија. Одигравме перфектен меч пред нашата публика и целосно го надигравме противникот. Самиот резултат говори за доминацијата на овој дуел, а Вардар заслужено се најде меѓу четирите најдобри екипи. Најефикасни на тој натпревар беа Циндриќ со 7, додека Душебаев и Шишкарев додадоа по 5 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…