Дома Топ вести На „Гудисон“ се работи на големо: Пристигна и второто засилување за „Карамелите“ (Фото)

На „Гудисон“ се работи на големо: Пристигна и второто засилување за „Карамелите“ (Фото)

Во само неколку часа фудбалскиот состав на Евертон објавени две нови засилувања во своите редови.
Роналд Куман сериозно го засилува својот тим во овој преоден рок, во кој потроши 110 милиони евра.
Најпрво пристигнаа Џордан Пикфорд од Сандрленд и Дејви Кладен од Ајакс, потоа договор постигнаа и со младиот Хенри Онјекур, а денес своето официјално преминување на „Гудисон Парк“ го објави и некогашниот напаѓач на Барселона, Сандро Рамирез.
По само неколку часа пак, официјализирано е сега и преминувањето на некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Кин.
Бившиот дефанизвец на Барнли стигна за околу 35 милиони фунти. Кин имаше одлична сезона зад себе, дебитираше и за репрезентацијата на Англија, па се споменуваше и можно враќање во дресот на „Црвените ѓаволи“.
На „Олд Трафорд“ сепак пристигна Виктор Линделоф од Бенфика, а Кин одлучи да премине на „Гудисон Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …