Дома Македонски спорт На велосипед до Босфор – „Маркови точакџии“ од Прилеп тргнуваат на одлична авантура

На велосипед до Босфор – „Маркови точакџии“ од Прилеп тргнуваат на одлична авантура

Bike tour Bosphorus е евроазиска велосипедска тура која како лична цел и предизвик си ја зададоа двајца пасионирани велосипедисти и ентузијасти од Прилеп. Стартот на турата е од градот под Маркови Кули, а крајната дестинација е турската метропола Истанбул.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Филип Илиоски и Христијан Мојсоски од Прилеп се тандемскиот тим од здружение „Маркови точакџии“ кој следниот викенд (најдоцна во понеделник, во зависност од временските услови) ќе заминат на фантастична велосипедска авантура до Босфор.

Момците ќе возат од Прилеп, преку Серес па Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација им е Истанбул, на Босфорот. Целата тура изнесува околу 800 километри. Попатно ќе кампуваат и преспиваат во шатори.

Враќањето на Филип и Христијан ќе биде со автобус. Тие двајца активно се рекреираат со велосипедизам и прават сериозни велосипедски тури со импресивни должини. Минатата година ја реализираа нивната најдога еднодневна тура досега со должина од 324 километри која ја возеа низ Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…