Веќе е познато дека Дани Алвес поединечно е најтрофејниот фудбалер на сите времиња.
Алвес со Севиља, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен освои 38 трофеи, а зад него следува верувале или не Максвел со 36. Свесни сме дека Максвел освојуваше многу трофеи бидејќи Златан Ибрахимовиќ во „влечеше“ со себе, но не е јасно како успеа да освои повеќе трофеи од Швеѓанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Златан во својата кариера освои 34 трофеи и се наоѓа на четвртото место зад Андрес Иниеста кој освои 44.
Лионел Меси е петти со 33, а интересно на шестата позиција се наоѓа најтрофејниот шкотски фудбалер, легендарниот Кени Даглиш со 31 трофеј.
Даглиш за Селтик настапуваше од 1969 до 1977 година и на 204 настапи постигна 167 погодоци. Кариерата ја продолжи во Ливерпул каде што остана до 1990 година и на 355 настапи постигна 172 погодоци.
Од 1985 година беше тренер и играч на Ливерпул. После што замина и од редовите на „црвените“ и тренерската кариера ја продолжи во Блекбурн, па во Њукасл, за подоцна да стане спортски директор на Селтик.
Даглиш го држи рекордот по бројот на настапи (102) и погодоци (30) за репрезентацијата на Шкотска.