Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најтажната приказна на Мундијалот: Ги загубил членовите на семејството, па со нивните карти допатувал во Русија

Најтажната приказна на Мундијалот: Ги загубил членовите на семејството, па со нивните карти допатувал во Русија

Taжна е судбината на Иран на Светското првенство Русија. Можеа Иранците до 1/8 финалето доколку во 94 минута од стопроцентна шанса ја погодеа мрежата на Португалцитe…Но, не успеаа, Тереми промаши, а навивачите на оваа земја остана во солзи.

Многумина таа ситуација ја прогласија за најтажна на Мундијалот, но тие веројатно не ја знаеа приказната за еден Мексиканец – Жилберто Мартинез.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Станува збор за човек кој во Русија отпатува да навива за Мексико и Аргентина, две репрезентации за кои е поврзан.

Тој во Русија се појави со тројца пријатели, но неговиот план на почетокот не бил таков. Неговата прва намера и на неговото семејство била сите заедно, тој, сопругата и двете деца – Миа (6) и Диего (8) да ги следат натпреварите од ова Светско првенство.

Но, за жал само Мартинез пристигнал во Русија, а членовите на неговото семејство повеќе не се на овој свет бидејќи го загубија животот во собраќајна несреќа на 28 април во Флорида.

Таму ова семејство било кај нивните роднини, но за жал им пресудил друг автомобил кој удрил во нив и го оставил Жилберто сам на овој свет. Освен тие тројца (сорпугата и двете деца), животот го загубил и братот на неговата сопруга, Жорге (50).

После долги советувања со психијатар, Жилберто се одлучил да оди на Мундијалот и да ги повика пријателите да дојдат со него.

„Беше навистина тешко да се јавам во авиокомпанјата и хотелот за да ги замолам да ги променат имињата на луѓето на резервациите“, откри Жилберто два месеиц после трагедијата во разговор за аргентинските медиуми.

Тој дури и не сакал да го менува начинот на патување, па од Москва до Санк Петерзбург одел со воз бидејќи неговата сопруга така сакала. Исто така неговиот син бил голем фан на Нејмар и силно сакал да го гледа Нејмар во живо, па поради тоа купил карта и за натпреварот Бразил-Костарика.

Во Русија Жилберто се појавил со маица на која се испишани имињата на неговите деца и сопругата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …