Дома Фудбал Останато Најстариот играч во топ 5 првенства денес потпиша нов договор

Најстариот играч во топ 5 првенства денес потпиша нов договор

Голем дел од љубителите на фудбалот не знаат кој е најстариот играч во најсилните првенства. Поголем дел веројатно би кажале дека тоа Џанлуиџи Буфон, но не е така.

Станува збор за бразилскиот стопер Виторино Хилтон кој во септември ќе наполни 42 години и го носи дресот на францускиот прволигаш Монпеље.
Хилтон веќе подолго време настапува за Монпеље и во овој клуб ја носи капитенската лента.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Денес овој играч потпиша нов договор со францускиот клуб каде што ќе настапува и следната сезона.

„Ова не можев ниту да си го замислам. Кога започнав да играм мислев дека би било убаво да играм до 40 години. Овој договор кој го потпишувам за мене е како прв.

Пресреќен сум што можам да ја продолжам мојата приказна тука“, изјави Бразилецот.

Бразилецот е најстар играч во топ пет првенства, но и најстар во историјата на Лига 1 со оглед дека пет месеци постар од Џанлуиџи Буфон.

Одбраната на Монпеље оваа сезона е помеѓу најдобрите во Франција, само четири клуба примиле помалку голови од нив, а Хилтон од можни 33 натпревари одигра 31.

Член на Монпеље е од 2011 година, а својата кариера ја започна пред 20 години во бразилскиот тим Чапекоенсе.

Инаку убедливо најстариот играч во историјата на најсилните најсилните пет првенства е италијанскиот фудбалер Итало Роси кој во 1951 година заигра за Про Патрија на 52 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…