Дома Трансфер зона Најскапото засилување во историјата на Арсенал ќе игра за Ница

Најскапото засилување во историјата на Арсенал ќе игра за Ница

Фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе сезоната ќе ја помине на позајмица во редовите на Ница. Во договорот на Пепе не е вклучена откупна клазула, па така се очекува да се врати во Арсенал.

Формата на 27-годишникот кој и понатаму е рекорден трансфер на Арсенал не се развиваше како што се очекуваше. Арсенал за него на Лил пред три години плати 72 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во минатата сезона Арсенал не играше во европските натпреварувања, а тоа му овозможи на Артета да пружи шанса на помладите играчи. Букајо Сака покажа квалитет и стана стандарден првотимец и тоа само дополнително ги лимитираше минутите на Пепе.

Овој преоден рок Арсенал го доведе и бразилскиот фудбалер Маркињос кој исто така настапува покрај десната аут линија.

Пепе во дресот на Арсенал постигна 27 голови и забележи 21 асистенции на 112 натпревари. Ница во четвртокот го обезбеди пласманот во групната фаза од Конференциската лига и покрај поразот во првиот натпревар од Макаби Тел Авив (1:0), во реваншот дома славеа со резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…