Дома Останати Ракомет Најсимпатичната репрезентација на ЕП против Данска и Хрватска ќе биде без 12 ракометари

Најсимпатичната репрезентација на ЕП против Данска и Хрватска ќе биде без 12 ракометари

Холандија без дилеми е најубавата приказна на ова Европското првенство, од репрезентација која ништо немаше направено на големите турнири каде што и ретко се пласираше ова ЕП воодушевува со реузлтатите и играта.

Слободно може да се каже дека Холанѓаните се една од селекциите која игра најатрактивен ракомет. До сега победи забележаа против Унгарија, Португалија и опасната Црна Гора и изгубија несреќно и минимално од Исланд и олимпискиот шампион Франција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До крајот на Европското првенство Холандија ќе игра вечерва против Данска и за два дена против Хрватска. Сепак во овие два натпревари Холанѓаните ќе бидат и тоа како ослабени затоа што ќе мораат даи граат без дури 12 ракометари. Нема даи гра и нивниот најдобар стрелец, одличниот Кај Смитс кој се зарази со ковид после мечот со Црна Гора.

Припреми за моќната Данска практично и да немаа, репрезентацијата не одработи ниту еден заеднички тренинг, а оние играчи кои беа негативни само се прошетаа цо центарот на Будимпешта.

„Се чувствуваме како камперски тим. Ќе одиграме натпревар без припреми и потоа ќе видиме како ќе оди. Малку е да се каже дека ќе биде тешко против светските шампион. Нема тренинз, нема тимски состанок, се тоа оди поединечно, се собираме само кога јадеме и тоа по двајца на маса“, изјави Дани Бајинс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …