Дома Фудбал Останато Најреномираниот француски медиум тврди: Антонио Конте пристигнува во Париз!

Најреномираниот француски медиум тврди: Антонио Конте пристигнува во Париз!

konte

Утрово на насловната страница на „Л’Екип“ се појави вест дека ПСЖ го доведува тренерот на Челзи, Антонио Конте на местото на Унаи Емери.

Реномираниот француски медиум тврди дека скоро сигурно Италијанецот на крајот од сезоната ќе го напушти Челзи и ќе го превземе ПСЖ. Се наведува дека први разговори помеѓу Џанлука Конте, братот на италијанскиот стручњак и првите луѓе на „светците“ веќе постоеле, како и дека тој во вторник ќе пристигне на преговори во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Л’Екип“ пишува и дека заедно со Конте ПСЖ ќе направи и ремонт на тимот, односно ослободување од „вишокот“ и доведување нови фудбалери кои би можеле да го подигнат квалитетот на играта.

Но, можеби играчите и не се толкав проблем. Во 180 минути против Реал Мадрид францускиот шампион покажа навистина малку, но најмногу поради тоа што Зинедин Зидан тактички го декласираше Унаи Емери за кого никој не верува дека ќе го води овој тим и наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…