Дома Фудбал Останато Најплатениот селектор во светот експресно добива отказ?

Најплатениот селектор во светот експресно добива отказ?

Чудниот расплет во групната фаза на Купот на Азија во Катар придонесе во осминафиналето да гледаме дерби помеѓу Саудиска Арабија и Јужна Кореја, На крајот по подоброто изведување на пенали во осминафиналето се пласираше Јужна Кореја.

Саудијците беа на 60 секунди од победа во регуларниот дел, но Корејците изедначија во 99-та минута и подоцна го исфрлија големиот ривал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес од Блискиот Исток пристигнува сензационална вест дека е загрозена позицијата на селекторот Роберто Манчини.

Наводно во целата ситуација најмал проблем е елиминацијата. Саудијците според информациите не биле задоволни од тоа како Манчини го води тимот. Пред Азискиот Куп Манчини од списокот „отпиша“ некои важни играчи и на тоа му замерија дел од поранешните фудбалери во оваа земја.

Тука е и потегот со заминување во соблекувалната додека пенал серијата се уште не беше завршена. По натпреварот Италијанецот се правдаше дека се збунил и мислел дека натпреварот заврши, но во тоа ретко кој му верува.

Поради сето ова Саудијците тврдат дека е пред отказ и наскоро би можел да биде сменет. Манчини на клупата на Саудиска Арабија седна во септември откако претходно изненадувачки го напушти кормилото на италијанската репрезентација.

Со договорот кој го има со Саудиска Арабија, Манчини е најплатениот селектор со плата од 30 милиони евра годишно. Евентуалниот раскин на договорот би значел голема финансиска загуба за Саудиска Арабија, меѓутоа јасно е дека парите за нив не се проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…