Дома Фудбал Англија Најлудиот натпревар сезонава во Премиер лигата: Пет поништени погодоци и два црвени картони

Најлудиот натпревар сезонава во Премиер лигата: Пет поништени погодоци и два црвени картони

Тотенхем беше поразен со 1:4 на домашен терен од Челзи во натпреварот од 11. коло на англиската Премиер лига.

Тотенхем го заврши натпреварот со двајца играчи помалку по црвените картони на Кристијан Ромеро во 33. минута и Удоги во 55. минута од натпреварот. Сите најважни моменти од натпреварот погледнете ги ТУКА.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тотенхем многу подобро го отвори натпреварот. Домашните тргнаа фуриозно и поведоа во 6. минута преку Дејан Кулушевски, но потоа во 35. минута се тргна наопаку за Тотенхем.

Две минути претходно, Ромеро беше исклучен поради прекршок во шеснаесетникот, а беше суден пеналот на Кол Палмер.

Второто полувреме продолжи во сличен тон, па Челзи искористи двајца дополнителни играчи и поведе со голот на Николас Џексон во 75. минута. За 3:1 повторно погоди Џексон, беше прецизен во четвртата минута од судиското надополнување, а потоа три минути подоцна ги постави конечните 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…