Дома Фудбал Најлудата борба за опстанок во светот. 12 клуба имаат само шест бода разлика

Најлудата борба за опстанок во светот. 12 клуба имаат само шест бода разлика

Чемпионшип многумина го опишуваат како најтешката фудбалска лига во светот, а како дел од причините за тоа се споменуваат дури 46 натпревари кои клубовите треба да ги одиграат и големата рамноправност во битката за позиции.

И оваа сезона докажува мали разлики во квалитетот на голем број клубови. Во втората најсилна англиска лига се одиграа 36 кола, а речиси половина од клубовите се уште живеат во страв од испаѓање во Лига 1.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Лестер Сити е на најдобар пат да се врати во Премиер лигата, веднаш до него Ипсвич, а борбата за позициите кои ќе играат за промоција е голема. Таа е уште поголема во борбата за останување во лигата.

Додека Ротерам и неговите поддржувачи веќе се откажаа во борбата, интересно е она што се случува во средината и дното на табелата. Шефилд Венсдеј и Стоук Сити моментално се на позиции за испаѓање, но не се единствените кои за тоа треба да се грижат. Имено, дури 12 клуба се на само шест бода од зоната за испаѓање.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…