Дома Фудбал Најлошата репрезентација на светот победи по 20 години и 142 натпревари

Најлошата репрезентација на светот победи по 20 години и 142 натпревари

Сан Марино го победи Лихтенштајн со 1:0 во првото коло од Лигата Д на Лигата на нации.

19-годишниот Нико Сенсоли во 53. минута на Сан Марино му ја донесе првата и историска победа во натпреварувачки меч.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова беше прва победа на Сан Марино по 20 години, четири месеци и осум дена. Сан Марино чекаше 142 натпревари за да победи.

Пред овој меч, Сан Марино последната победа ја имаше на 24 април 2004 година, кога го победија Лихтенштајн, но тоа беше пријателски натпревар.

Репрезентацијата на Сан Марино според Трансфермаркт вреди 885 илјади евра. Фудбалерите на таа репрезентација играат во клубови од Сан Марино и италијанските нисколигаши, најчесто аматерски екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Поранешен фудбалер на Евертон осуден на 20 години затвор!

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и поранешен селектор на кинеската фудбалска р…