Дома Македонски спорт Мак баскет Најкорисниот играч од ФИБА Лигата на шампиони доби македонско државјанство!

Најкорисниот играч од ФИБА Лигата на шампиони доби македонско државјанство!

Американскиот кошаркар Џордан Теодор доби македонски пасош и ова лето ќе настапува за Македонија во квалификациите за Светското првенство во Кина.

Теодор на 5-ти јули ќе допатува во Македонија за да ги заврши сите формалности околу новиот пасош и веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот Јордан Давитков.

Одличниот кошаркар игра на позицијата плејмејкер, а минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч во ФИБА Лигата на шампиони.

Игра за Банвит, тим кој дојде до финалето во Лигата на шампиони, каде беше поразен од Тенерифе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Со светски медалисти во составот, Македонија брка четири европски одличја

Македонскиот кикбокс-тим ќе има 33 претставници на Европското првенство во Скопје. Целта е…