Дома Фудбал Останато Најконтроверзниот фудбалски менаџер под истрага!

Најконтроверзниот фудбалски менаџер под истрага!

Познатиот фудбалски менаџер Мино Раиола е под истрага на холандските власти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, најконтроверзниот менаџер е под соменвање дека затаил данок преку својата компанија „Maguier Tax and Legal“ која е со седиште во Амстердам.

Поточно, Мино е обвинет дека плаќал помал данок од она што е потребно. Во трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед вреден 105 милиони евра Раиола добил 30 милиони евра, а според обвинувањата тој пријавил двојно помалку.

„Обвинувањата не ме загрижуваат. Секогаш се однесував коректно кон законот во земјата во која престојувам. Не сум холандски државјанин, живеам во Монако и немам никаква фирма во Амстердам“, порача Раиола.

Раиола е агент на едни од најпознатите фудбалери, пред се тука се: Пол Погба, Ромелу Лукаку, ,Марко Верати, Донарума, Балотели, Михтаријан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Арсенал работат истовремено на шест трансфери

Спортскиот директор на Арсенал Андреа Берта и шефот на скаутинг одделот на клубот Маурицио…