Дома Фудбал Италија Најдобриот стрелец на Копа Америка доаѓа во Милан

Најдобриот стрелец на Копа Америка доаѓа во Милан

Репрезентативецот на Бразил, Евертон е избран за најдобар играч во финалето на Копа Америка против Перу, а воедно е и прв стрелец на првенството со три постигнати погодоци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањата на А Бола, Евертон е блиску до договор со Милан и се очекува напаѓачот да премине во редовите на италијанскиот клуб за околу 40 милиони евра.

Милан и Гремио ги договараат последните детали, а играчот веќе изразил желба да го облече црвено-црниот дрес и да му се придружи на Пакета на Сан Сиро.

Евертон има 23 години и веќе запиша 12 настапи за репрезентацијата на Бразил, додека за Гремио одигра преку 110 натпревари од 2014. година.

Инаку, Милан веќе претстави две засилувања, а се работи за бекот Тео Хернандез од Реал Мадрид и Круниќ од Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хјумланд веќе се поздрави со соиграчите и чека сигнал од Милано!

По доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, во Милано се работи на реконструкција на тимот…