Дома Фудбал Италија Најдобриот напаѓач на Милан во последните 25 години потврди: Сакам да се вратам како тренер!

Најдобриот напаѓач на Милан во последните 25 години потврди: Сакам да се вратам како тренер!

Легендата на Милан, Андреј Шевченко потврди дека една од неговите цели му е да се врати во Милан како тренер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шевченко е најуспешниот напаѓач на Милан во изминатите 25 години, постигна 175 голови во два мандати и освои една Лига на шампиони со „росонерите“.

Украинецот сега има 43 години и е селектор на својата земја од 2016 година. Но, очигледно размислува и за работата како тренер, не само како селектор.

„Сакам да се вратам во Милан како тренер еден ден. Милан секогаш ќе биде во моето срце, имам чувство навивачите на тој клуб“, изјави Шевченко.

Остави простор и не сакаше да шпекулира кога би можело тоа да се случи.

„Ајде да видиме кога и дали ќе се случи тоа, но една од моите цели е да се вратам во Милан како тренер. Сега, мислам само на репрезнетацијата на Украина“, заврши Украинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Дајте ми некој траг“: Целосна конфузија во ВАР собара за време на дуелот Вест Хем – Арсенал, исплива ауди снимка

Судијата Крис Каван беше целосно збунет од упатствата што ги добиваше од своите колеги во …