Дома Фудбал Англија Најдобриот англиски судија ќе суди во втора лига под казна

Најдобриот англиски судија ќе суди во втора лига под казна

Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесе одлука од листата на судии да го исфрли еден од најдобрите судии, Ентони Тејлор.

Тој овој викенд ќе мора да отслужи казна поради огромната грешка која ја направи во минатото коло во Премиер лигата.

Тејлор е префрлен во понизок ранг за престојното коло во Англија и ќе суди во Чемпионшип лигата, сето тоа како резултат на големата грешка која ја направи на мечот Вулверхемптон – Њукасл, кога досуди непостоечки пенал за гостите.

За потсетувње, Тејлор го судеше финалето во Лигата на Европа меѓу Севиља и Рома и е најдобро рангираниот англиски судија во ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ доби тежок удар: Нуно Мендеш паузира неколку недели

Лоши вести за ПСЖ – Нуно Мендеш заработил повреда на левата бутина на мечот со Стразбур и …