Дома Фудбал Англија Најбогатиот Британец на чекор од купување на Манчестер Јунајтед

Најбогатиот Британец на чекор од купување на Манчестер Јунајтед

Милијардерот Џим Ратклиф, кој е познат како најбогатиот Британец е блиску до купување на акциите на Манчестер Јунајтед.

Неговата компанија „Ineos“ неодамна потврди дека покажува интерес и го започнале процесот за купување на акции од Манчестер Јунајтед, а сега купопродажбата е пред реализација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед последните 17 години во ноември потврди дека клубот е на продажба. Следната недела сите кандидати треба да ги достават понудите, а се тврди дека сопствениците бараат 4 милијарди фунти.

70-годишниот Ратклиф е фан на Манчестер Јунајтед од дете, а беше и еден од кандидатите за да го купи Челзи, но не успеа да ја подобри понудата од Тод Боели, кој за клубот од „Стенфорд Бриџ“ плати 4,25 милијарди фунти.

Неговата компанија веќе е сопственик на два клуба, француска Ница и швајцарскиот Лозана Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…