Бруно Фернандеш од Спортинг во текот на летото се поврзуваше со големи европски клубови, најмногу со Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот тој остана во португалскиот тим.
Интересот за Фернандеш веројатно нема да се намали, па останува да видиме дали во јануари може да ја промени средината. Фернандеш според последната изјава за португалските медиуми очигледно е во супер однос со македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најбараниот играч на Спортинг на прашањето кој играч би го земал со себе во новиот клуб, без дилеми одговори Ристовски.
„Кога би требало да земам некој играч со мене во новиот клуб тогаш без никаква дилема тоа ќе биде Ристовски. Во соблекувалната носи неверојатна радост и уживање, поради него сум во супер расположение“, изјави Фернандеш.
Неодамна Португалците најавија дека Спортинг ќе го продолжи договорот со Ристовски и ќе му даде покачување.