Еден од најдобрите фудбалери во француското првенство и член на Лион, Набил Фекир многу веројатно ќе ја промени средината ова лето.
Неколку пати претходно беше негиран трансферот на Набил Фекир од Лион во Ливерпул во текот на оваа сезона од претседателот на клубот и таткото на фудбалерот, но сега самиот играч даде изјава која сигурно ќе им се допадне на навивачите на „црвените“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ливерпул? Зошто да не? Ме очекуваат разговори со претседателот и со моите блиски луѓе после што ќе донесам одлука. Во животот никогаш ништо не треба да отпишуваме“, изјави Фекир.
Оваа негова изјава голем број медиуми ја сфатија како најава за потенцијален голем трансфер ова лето. Сумата која се споменува изнесува 60 милиони евра.