Веќе е потврдено дека Анхел Ди Марија следната сезона нема да настапува за ПСЖ, но како што стојат работите во Париз летово ќе има големи промени.
Долго време во медиумите се најавува и дека сменет ќе биде тренерот Марусио Покетино. Ваква изјава сега даде и Аргентинецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Колку што знам јас ќе има тренерска смена, сакаат тренерот да си замине. Летово ќе има големи промени во ПСЖ и се надевам дека Меси го сфати тоа. Големите промени мислам дека ќе му донесат мир и опуштање. Очекувам новата сезона да ја започне многу подобро затоа што и во финишот од сезоната беше се подобар и подобар. Како што одминуваше времето се чувствуваше покомотно“, изјави Ди Марија.
Неколку тренери се споменуваа како нови опции за ПСЖ, а најголема желба на клубот од Париз е Зинедин Зидан, сепак не е јасно дали искусниот стратег има желба да дојде во Париз.