Дома Фудбал Англија Најавите не се оптимистички, Венгер откри кога Казорла би се вратил на терените

Најавите не се оптимистички, Венгер откри кога Казорла би се вратил на терените

wenger and cazorla

Сани Казорла поминува низ тешки денови, има проблеми со повреда која не е ни малку наивна…

„Шефе, се морам да започнам од нула“, напишал во пораката Санти Казорла до Арсен Венгер, откако Французинот му посакал побрзо враќање на терен, по новата операција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Операцијата поминала во најдобар ред, но Венгер не е преголем оптимист.

„Тоа е многу тажно, мислам на она што му се случува него. Помина низ многу работи… За жал мора да започне од почеток, ако се помина како што треба ќе мора да почека се додека не започна да трча, а потоа мораат да поминат најмалку шест недели за да се врати на тренинзите со екипата. Кога ќе започне да трча навистина не знам. Се надевав дека тоа ќе биде во јануари, но после последната операција сигурен сум дека тоа нема да биде пред февруари“, изјави Венгер.

Значи доколку почне да трча во февруари во најдобар случај кон средината на март би можел да и се приклучи на екипата, а сметајќи го потребното време за враќање на кондицијата и формата спремен за првиот тим веројатно би бил во април. Повторуваме, ова би било во најдобар случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…