Дома Македонски спорт НАЈАВА И ПОТСЕТУВАЊЕ: Македонија од утре повторно ќе живее во духот на ракометот!

НАЈАВА И ПОТСЕТУВАЊЕ: Македонија од утре повторно ќе живее во духот на ракометот!

macedonia

Светското првенство ракомет започнува денес, додека Македонија својот прв натпревар го игра утре од 15:30 часот против Јапонија.

Веќе навикнавме ракометарите да носат радост на нашата земја, овој пат во нешто подмладен состав Македонија очекува уште еден добар настап на нашата селекција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај помладите ракометари тука се и веќе искусните: Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Филип и Кире Лазаров, Стоилов…

Филип Талески веќе зад себе има големо натпреварување и сега можеби е вистинскиот момент да блесне.

 

Пред почетокот на овој Мундијал да се потсетиме какви радости ни приредија нашите најголеми спортски амбасадори во последните години.

Македонија од 2012 година е редовен учесник на Европските првенства. Во 2012 на Европското првенство во Србија Македонија заврши на високото пето место, а Кире Лазаров на ова првенство беше и најдобар стрелец на турнирот.

Две години подоцна следуваше Европското во Данска на кое се пласиравме на десетата позиција, за во 2016 во Полска да завршиме едно место подоле. Покрај одличните настапи на Европските првенста, ракометарите беа успешни и на светските.

Во 2015 година на Светското првенство во Катар Македонија успеа да се избори за одличното девето место, а две години претходно во Шпанија завршивме како 14ти во светот, додека во Хрватска во 2009 турнир кој означи почеток на една успешна ера ја освоивме деветата позиција.

На Европското првенство кое се одржа минатата година ја освоивме 11-тата позиција.

Колку се големи и значајни сите овие успеси и пласмани на Македонија говори и податокот дека пред Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последениот голем турнир на кој се натпреварувавме беше на Светското првенство во 1999 година.

Сето ова е причина да очекуваме нов добар настап на нашите момци.

Ја споменавме Јапонија, а освен оваа селекција со нас во група ќе играат Хрватска, Шпанија, Исланд и Бахреин.

Во второто коло после отварањето против Јапонија два дена подоцна, Македонија ќе се соочи против Бахреин, за во третото коло да ја гледаме ракометната класика Македонија – Хрватска, или балканското ракометно „Ел Класико“.

Во 4. коло на 16 јануари, Македонија ќе игра против Шпанија, додека во последното 5. коло, играме против селекцијата на Исланд, меч кој веројатно ќе биде и клучен за исходот и резултатот на Македонија на ова првенство.

Првите три селекции од групата ќе обезбедат пласман во наредната фаза.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …