Дома Фудбал НАЈАВА и АНАЛИЗА: ПСЖ – Реал Мадрид

НАЈАВА и АНАЛИЗА: ПСЖ – Реал Мадрид

ПСЖ е домаќин на Реал Мадрид во еден од натпреварите кои привлекуваат најголемо внимание во 1/8 финалето на Лигата на Шампиони. На првиот меч Реал славеше со 3:1, а сега ПСЖ ќе биде без Нејмар. Но и покрај тоа домаќинот е фаворит, а во Париз веќе заборавивме кога победил гостинот.

Без Нејмар ќе биде неверојатно тешко

Беше едноставен инцидент, немаше вистински предизвик од дефанзивецот или пак остар старт, туку загуба на рамнотежа доволна за болна повреда. Таа повреда на Нејмар против Марсеј на 25-ти февруари предизвика невидено внимание низ Европа. Најскапиот играч во светот, кој сега се опоравува во Бразил по операцијата, веројатно ќе ја пропушти оваа сезона.

Тоа е како удар со чекан за Унаи Емери, кој веќе се соочуваше со тешка битка на првиот меч со Реал со Нејмар во тимот. ПСЖ водеше, но потоа Емери гледаше како неговиот гол прима три гола.

Шпанецот знае дека неговото владеење веројатно ќе заврши ако ПСЖ не успее да се издигне над овие проблеми, што дава дополнителна драматична димензија на овој меч кој ветува многу.

Повредата на Нејмар треба да му пружи на Ди Марија можност да се докаже против неговиот поранешен клуб, а моменталната форма на аргентинецот не е за потценување. Мбапе, Единсон Кавани, Маркињос и Марко Верати, исто така треба да се потрудат повеќе откако одмараа против Троја за време на викендот.

 Зидан се соочува со проблеми

 

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус чека двојно засилување од амбулантата за гостувањето во Фиренца

Мекени и Челик повторно работеа со соиграчите, но медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали…