Oвие денови во Италија една од главните теми е односот помеѓу тренерот на Аталанта, Гасперини и капитенот на овој тим Папу Гомез.
Дека има некаков проблем помеѓу двајцата е јасно, а тоа се потврди и со објавата на Гомез пред неколку дена на социјалните мрежи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Драги навивачи, ви пишувам тука затоа што немам други средства да се бранам и да ви се обратам. Само сакам да ви кажам дека кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината. Добро ме познавате. Знаете кој сум. Ве сака вашиот капитен“, гласеше таа порака.
Дополнително за нивниот однос и заминувањето на Гомез ќе се пишува после вчерашниот меч помеѓу Јувентус и Аталанта. Имено, Гомез беше забележан како пред натпреварот ја пее химната на Јувентус. Гомез натпреварот го започна од клупата, а во игра влезе во 53. минтуа.
Најава за некаков трансфер или провокација до Гасперини?
POLÊMICA E CLIMÃO! “Juve, história de um grande amor!” Papu Gómez chegou ao banco de reservas da Atalanta cantando o hino da Juventus antes da partida entre as equipes. Vale lembrar que o jogador e o técnico Gasperini tiveram alguns atritos recentemente. #ItalianoNoEIPlus pic.twitter.com/I5eZ4kOzj4
— Esporte Interativo (de 🏠) (@Esp_Interativo) December 16, 2020