Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето на ракометното Европско првенство кое ќе се игра во недела.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ваквата одлука на челниците на ЕХФ е доказ дека Начевски и Николов одлично си ја завршија досегашната работа на ЕП и дека се дел на ракометната елита.
Начевски и Николов изминатите сезони судеа на сите големи репрезентативни натпреварувања и ракометната Лига на шампиони, но за нив ќе биде прво големо финале.
Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио.
Големото финале на Европското првенство се игра во недела во Стокхолм во 16:30 часот.