Претседателот на клубот, Гордана Нацева очекува тимот да продолжи да игра како што играше во првата фаза – убедливо, сериозно и дисциплинирано.

„Да не заборавиме дека екипата е од земјата која е актуелен светски шампион, Франција и дека за нив е дополнителна мотивација да се покажат. Тоа е предизвик и за нас, а и за публиката да дојдат и да видат врвен ракомет. Мец играат извонредна одбрана и се тим со најмалку примени голови во нашата група. Верувам дека девојките ќе најдат соодветно решение за во сабота”, вели Нацева.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вардар е единствена екипа од нејзината група што во првата фаза победи на сите натпревари. Во Главната фаза во лигата, покрај Мец, ги очекуваат Будуќност и германскиот Битигхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…