Секако, нема да игра, нема да биде на теренот, но еден робот ќе игра важна улога во рускиот клуб.
Имено, робот стана член на стручниот штаб на екипата на Парма која се натпреварува на високо ниво во кошаркаската ВТБ лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој клуб одлучи на тренерот Максветис за помошник да му доведе робот кој го произведе руската компанијата Промобот.
Роботот ќе се користи за различни методи. Може да го пресмета учинокот на еден кошаркар, да собира статистички податоци и да му дава важни информации на тренерот.
Овој робот клубот ќе го користи само на домашните натпревари бидејќи клубот нема да го води на гостувањата.
На некој начин ова е и еден вид револуција затоа што е прв пат робот на ваков начин да биде вклучен во работата на еден спортски колектив.
Баскетбольный клуб «ПАРМА» подписал контракт с роботом-тренером Promobot.
— Basketball club "PARMA" (@parmabasket) October 10, 2019
Это первый случай в истории, когда искусственный интеллект будет участвовать в работе тренерского штаба профессиональной спортивной команды. Ссылка: https://t.co/9BDIbZxLaY pic.twitter.com/fkSZlCvDNd