Дома Фудбал Насри го советува Мбапе да остане во ПСЖ: Подобро е да си крал во своето село

Насри го советува Мбапе да остане во ПСЖ: Подобро е да си крал во своето село

Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема и се поизвесно е дека на лето ќе го напушти ПСЖ.

На оваа тема се огласи и неговиот сонародник Самир Насри, кој го советуваше Мбапе да остане во ПСЖ.

„Ако тој замине, тимот на ПСЖ ќе стане послаб. Но, земајќи го предвид буџетот со кој располага клубот, парижани ќе можат да донесат други играчи. Но, тие нема да бидат Мбапе, тоа е јасно. Денес, Килијан е многу важна фигура за клубот и репрезентацијата. Пред две години реков дека го сметам за најдобар играч на светот. Се уште мислам така“.

„Тој е од Париз. Да сум на негово место, би останал во ПСЖ наместо да одам во Мадрид за да му помогнам на Реал да ја освои 50-та Лига на шампиони. Ако Марсеј ги имаше Катарците кога играв таму, никогаш немаше да заминам. Јас одам од девизата дека е подобро да се биде крал на своето село“, рече Насри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…