Холандскиот ветеран кажа „доста“ после 15 години поминати во националниот дрес.
Весли Снајдер (33) одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Момчето од Утрехт оваа одлука му ја соопшти на тренерот Роналд Куман при посетата на искусниот стручњак каде што поранешниот плејмејкер на Интер и Галатасарај во овој момент настапува.
Куман и Снајдер разговрале за иднината и искусниот играч за врска се сложил со мислењето на селекторот дека е време да го отстапи местото на помладите.
„Весли е еден од најдобрите холандски фудбалери во последната деценија. Голем играч со големи успеси. Но, сакам да селектирам поинаков тим, да им дадам шанса на помладите и да направам нова селекција“, изјави Куман.
Снајдер 15 години го носеше дресот на Холандија. Дебитираше во 2003 година во пријателскиот натпревар против Португалија, а минатиот ноември го одигра 133 натпревар за оваа селекција против Романија.
Со Холандија Снајдер беше вицешампион на светот во 2010 година и третопласиран на Мундијалот во Бразил пред четири години.
Според информациите од Фудбалскиот сојуз на Холандија наскоро ќе биде организиран и проштален натпревар за ветеранот.