Дома Фудбал Италија Направена пресметка: Во топ 5 првенства најмногу пенали се судат во Серија А

Направена пресметка: Во топ 5 првенства најмногу пенали се судат во Серија А

Фудбалската статистика на „ЦИЕС“ направи истражување и пресмета во кои првенства најмногу се досудуваат пенали.

Според нивните пресметки најчесто пенали се судат во Серија А и таа е прва кога во прашање се топ 5 првенства. Кога се сите лиги во светот во прашање на врвот е египетската лига. Пенал во Египет просечно се суди на секои 173 минути, додека во Италија просекот е 235 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зад нив следува Франција со 245 минути, потоа Шпанија со 253 минути, Бундеслигата со 289, а најретко пенали се „свират“ во Премиер лигата, на секои 321 минута.

Во светски рамки најретко пенал се суди во првата и втората јапонска лига со 520 и 513 минути.

„ЦИЕС“ направи пресметка и на искористеноста на пенали, тука на врвот се Франција и Катар со 82.2%. Искористеноста во Италија е 81.3%, во Премиер лигата 80.3%, а најслаби од европската „петорка“ се Шпанците со просек од 74.9%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти пред вечерашниот натпревар: Малкумина од вас новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес денес

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анче…