Дома Топ вести Наполи ја одреди цената за Осимен

Наполи ја одреди цената за Осимен

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Њукасл се силно заинтересирани за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 140 милиони евра.

Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во Серија А со 11 постигнати гола.

На лето се очекува голема борба за неговиот потпис, но Наполи сигурно ќе сака добро да заработи од неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…