Наполи ова лето ќе направи големи промени во тимот на чело со новиот кормилар Карло Анчелоти.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е на чекор од првото засилување откако веќе постигнал договор со Болоња за трансферот на Верди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Офанзивниот играч за врска моментално е со италијанската репрезентација, а после одличните две сезони го привлече вниманието на Наполи и Интер.
Меѓутоа Наполитанците беа побрзи и денес постигнаа договор со Болоња, а за неговиот потпис ќе платата 25 милиони евра.
Верди е поранешен фудбалер на Милан, потекнува од школата на „росонерите“, па од овој трансфер ќар ќе има и миланскиот клуб.
Имено, 20% од вкупната сума ќе заврши во касата на „росонерите“, а се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена.
Simone Verdi is very close to a move to Napoli for a figure of €25 million. Milan will receive 20% of that sum (€5 million) via Aldo Rossi. [https://t.co/ZVX0VzC4A0] pic.twitter.com/Luw66Dsc6s
— Milan Eye (@MilanEye) June 1, 2018