Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра фантастично оваа сезона во Наполи, каде постигна четири гола на последните шест меча.
Елмас во привлече вниманието на многу европски гиганти, а се појавија шпекулации дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за „дијамантот“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Наполи не помислува на продажба и спремил нов договор за Елмас, иако актуелниот му завршува во 2025 година.
Италијанскиот клуб е спремен да му понуди продолжување на соработката и нов договор со подобри финансиски услови, па наскоро ќе започне преговори со неговиот агент.
Елмас дојде во Наполи во 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра, но неговата цена сега драстично порасна.