Дома Топ вести Наполи спремен да го продаде Осимен, ја одреди цената

Наполи спремен да го продаде Осимен, ја одреди цената

Виктор Осимен игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Нигереиецот сезонава на 29 натпревари постигна 25 гола со пет асистенции и во овој момент е најдобар стрелец во Серија А.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Многу европски гиганти покажуваат интерес за неговиот потпис, но нема да биде лесно да се убеди Наполи да го пушти напаѓачот.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис бара 150 милиони евра за неговите услуги и воопшто нема да преговара за помала сума.

Според „Газета дело Спорт“ најсилен интерес за Осимен покажуваат ПСЖи Манчестер Јунајтед кои се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…